„ОД ЈАХТА ЗБОРУВА ЗА ЕКОНОМИЈА, А НАРОДОТ ГЛАДУВА“ Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Филипче да се засрами бидејќи луѓето го гледаат како се луксузира

Владејачката партија обвинува за луксуз од десетици илјади евра месечно и потсетува на сиромаштијата и кризите од времето на СДСМ.

1,316

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавите на поранешниот министер за здравство и актуелен функционер на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „луксузирање на јахти додека народот преживува со празни џебови“.

„Класична СДСМ матрица на лаги и дефокус. Последниот човек кој може да зборува за економија е Венко Филипче. Под него, Заев, Артан, Бујар и Али, Македонија ја виде најголемата сиромаштија, најскапата струја, најскапото гориво и најголемите корупциски афери“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата го прашаа Филипче колку чини еден ден луксуз на јахта, наведувајќи дека само за гориво, екипаж, одржување и марина, сумата достигнува околу 2.750 евра дневно.

„Ако се додадат и ручеци, пијалоци и уживањата на јахта, сметката стигнува до 6.000–7.000 евра дневно. Тоа значи над 70.000 евра за десетина дена. А за еден месец – речиси 200.000 евра. Нека одговори Филипче дали тоа е достоинството за кое зборува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата го обвини „дуетот од СДСМ“ за разурнување на економијата и создавање сиромаштија, а сега, како што додаваат, „народот гледа како тие живеат хедонистички живот на јахти и грчки острови“.

„Додека народот преживуваше, тие купуваа јахти и планираа луксузен живот со украденото богатство. Затоа, Филипче – прекини! Засрами се, ако воопшто знаеш што е срам“, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини