ОД ЈАДЕЊЕ КОЛКУ ДА СЕ НАЈАДЕМЕ ДО УМЕТНОСТ НА ЧИНИЈА И ГОТВАЧКИ ЅВЕЗДИ Честит Меѓународен ден на готвачите!
За да разбереме како готвењето од домашно готвење премина во бизнис од повеќе милиони долари со ѕвезди, обожаватели и награди, треба да погледнеме малку во историјата. Денес е вистинскиот ден да го направиме ова, Меѓународниот ден на готвачите
Со векови, па и до пред само стотина години, кулинарството беше само начин да се подготви храна што ќе им даде на луѓето енергија да се занимаваат со други, многу поважни работи. Освен во кралските палати и во побогатите куќи, посебно внимание не се посветувало на подготовката и особено не на декорирањето на храната. Единствената грижа била да ја има доволно и да се зготви за да може да ја свариме.
Оттогаш помина долг пат и денес дилемата дали готвењето е уметност или само вештина е едно од прашањата околу кои се кршат копјата на теоретичарите, а на кое, за чудо, не е даден недвосмислен одговор. Иако, без оглед во која област од животот ќе ја сместиме, сите подеднакво уживаме во убавините на гастрономијата.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.