ОД 9.30 ДО 12 ЧАСОТ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ БЛОКИРАН Ќе се изведува тактичка вежба

Во овој период затворени ќе бидат улиците Лазар Личеновски и Самоилова и булеварот Никола Карев, на потегот од улицата Македонско-косовска бригада до улицата 8 Септември.

812

Поради одржување оперативно-тактичка вежба денеска во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 9.30 до 12 часот од страна на МВР и во координација со Амбасадата на САД.






Во овој период затворени ќе бидат улиците Лазар Личеновски и Самоилова и булеварот Никола Карев, на потегот од улицата Македонско-косовска бригада до улицата 8 Септември.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Поврзани содржини