ОД 600 ДО 800 ДЕНАРИ ПОДДРШКА ЗА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА Лицата со ниски примања можат да аплицираат за оваа помош
Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за економија преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот на најниски примања во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари кои ќе бидат распределени според критериумот редовен месечен приход кој не треба да биде повисок од 30.000 денари.
Според јавниот оглас, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно сметано од денот на поднесување на барањето.
На огласот можат да се јават следните категории на граѓани:
– самец до 15.194 денари;
– домаќинство со два члена до 18.000 денари;
– домаќинство со три члена до 21.000 денари
– домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
– домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари
Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за економија преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата со примена на принципот на најниски примања во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите наведени во овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.
Финансиската поддршка се доделува на месечно ниво по корисник во времетраење од 12 месеци.
Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
Јавниот повик и потребната документација може да ја најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/3070