ОД 3 ДО 6 АВГУСТ ЗАТВОРЕН ДЕЛ ОД ПАТОТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП Се изведуваат градежни активности на вијадукт на Сарачки дол

7,038

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 6 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколницата на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсницата кај бензинската станица „Лукоил“ до клучката кај бензинската станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда – соопшти компанијата.






Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Поврзани содржини