Од 20.000 до 30.000 денари награда и за воено-медицинскиот кадар вклучен во борбата со ковид-19
Воените лекари и медицинскиот персонал изминатите месеци активно е вклучен во борбата со ковид- 19.
Парична награда од 20.000 до 30.000 денари ќе добие воено медицинскиот кадар кој е вклучен во лекувањето на болните од ковид-19, соопшти Министерството за одбрана.
Од Министерството информираат дека Владата го прифатилеа предлогот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од ковид-19.
– Износот на паричната награда за нивната пожртвуваност, во зависност од специјалноста, се движи од 20 000 до 30 000 денари – додаваат од Министерството за одбрана.
Оттаму додаваат дека во изминатите месеци голем дел од медицинскиот персонал од Воено медицинскиот центар активно се вклучил во борбата со ковид- 19 во Центарот за јавно здравје и во ГОБ 8-ми Септември, а во последниот месец дал поддршка на колегите од јавното здравство во Инфективната клиника, Клиниката за пулмофтизиологија и на пренаменетите Клиники за интерни болести.