ОД 15 СЕПТЕМВРИ ЛЕСНО ЌЕ ГИ „ЛОВИМЕ“ СЛУЖБЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ При крај е промената на нивните регистарски таблици
Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули. Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември годинава да ги заменат регистарските таблички на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Детали се очекуваат утре на прес-конференција што ја најавува Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Најавено е присуство на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, како и директори на останати државни институции.
Одлуката за оваа новина беше донесена на владината седница на 29 јули. Беше најавено дека ќе биде отворена и телефонска линија, на која граѓаните ќе можат да пријавуваат злоупотреба на службените автомобили. Се потенцираше дека секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.
Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, што ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење, посебно за време на изборните процеси..