ОД 111 ПРЕГЛЕДАНИ ГРАЃАНИ ВО ТРУБАРЕВО, 11 ПАК ЌЕ БИДАТ ИСПИТАНИ Скринингот продолжува и утре, Алиу апелира граѓаните да се пријават
Скринингот проодлжува и утре од 10 - 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме, истакна министерот за здравство во гостување на ТВ Сител.
Вкупно 111 граѓани поминале низ лекарските скрининг процедури по пожарот во Трубарево. Од нив 11 ќе продолжат со прегледи на Клиниката за пулмологија, додека другите поминале без знаци за натамошен третман, рече во гостување на ТВ Сител министерот за здравство Азир Алиу.
Граѓаните кои се пратени на дополнителни пулмолошки испитувања се повозрасни.
Алиу апелира сите граѓани кои имаат кашлица, главоболки, отежнато дишење и други симптоми да се пријават уште вечерва за скрининг.
– Скрингот проодлжува и утре од 10 – 16 часот, а ако е потребно ќе продолжи и понатаму зашто целта е да ги опфатиме сите граѓани кои мислат дека треба да поминат скриниг или ако чувствуваат некакви симптоми како кашлица, главоболки, отежнато дишење. Тие граѓани би ги замолил да се пријават уште вечерва за скрининг. Добро е порано да се детектираат здравствените проблеми, за да ги третираме – истакна Алиу.
Според Протоколот, скрининг треба да се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се види ефектот од загадувањето по пожарот.
Министерот информираше и дека 8 предмети од пријавените „кардиолошки случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани.
Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе се изготви завршниот извештај. Нема да се оди со делумни информации во јавноста поради сензитивноста на случајот и пред се, за да се поштедат пациентите и нивните семејства.
Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.
Министерот вели дека е свесен за недовербата на граѓаните во здравството, но таа, напомена, не е од сега, туку од поодамна. Еден од начините за подобрување на ситуацијата, рече, е дигитализација. Алиу потсети дека се работи на инфраструктурни инвестиции во вредност од 205 милиони евра.