ОД 1 ЈУНИ НА КРФ ЌЕ СЕ ПАТУВА И СО АВИОН Грчка авиокомпанија воспостави сезонски лет од Скопје до Крф

Авиобилетите за летот Скопје – Крф се достапни преку веб страната на авиокомпанијата Aegean Airlines.

2,682

Грчката авиокомпанија Aegean Airlines ова лето ќе започне со нова сезонска авионска линија од Скопје до островот Крф, објави Ex-Yu Aviation.

Летовите ќе почнат од 1 јуни и ќе се одвиваат до 28 септември. Авиобилетите за летот Скопје – Крф се достапни преку веб страната на авиокомпанијата. Сега повратен билет  има почетна цена од  220 евра.






Ова е трета дестинација која oваа авиокомпанија ја воведува од Скопје, откако претходно воведе летови меѓу Скопје и Атина и Скопје – Сараево.

 

 

 

Поврзани содржини