ОД 1 ДЕКЕМВРИ ЕВТИНА СТРУЈА И ПРЕКУ ДЕН Кој помалку троши од 1 јули ќе плаќа и пониска цена на струјата

Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста.

733

Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата, соопшти денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

– Не ја воведуваме оваа тарифа од политички причини, туку поради сигналот на цената на струјата на сите берзи – појасни Бислимоски.






Во однос на цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули до 31 декември годинава, Бислимоски рече дека во двата пониски блока се намалува цената, а во двата повисоки блока се зголемува.

– Вкупната цена во првиот блок се намалува за 7,04 отсто, во вториот блок се намалува за 4,09 отсто, додека во третиот блок цената се зголемува за 2,54 отсто, а во четвртиот блок се зголемува за 2,42 отсто. Цената во евтината тарифа останува иста. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26%, а од декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5% на сметките – информира Бислимоски.

Тој рече дека и овој пат биле инвентивни и се обиделе да го намалат ударот за зголеменото ДДВ врз цената на електричната енергија.

– Во апсолутен износ ДДВ-то ќе значи зголемување на цената на струјата е 7,4%. Ние ги носиме цените без пресметан ДДВ – појасни Бислимоски.

Поради зголеменото ДДВ вкупниот трошок е зголемен за 2,5%.

– ДДВ-то влијае над седум проценти. Кај едно домаќинство, а во анализите ги земавме само активните броила, намалувањето на струјата без ДДВ е 4,26 проценти, а вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти – појасни Бислимоски.

Поврзани содржини