СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ ОД 57 ДО 900 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО Од 1 јануари поскапува и евтината тарифа

По блокови цената на струјата поскапува за 2,45% во првиот блок, за 2,87% во вториот блок, за 3,32% во третиот и за 3,84% во четвртиот блок,

1,152

Сметките ќе се зголемат од 57 денари месечно за домаќинствата што трошат само во првиот блок, до 900 денари за оние кои влегуваат и во најскапиот, четврти блок од 1 јануари 2026 година. Цената на струјата ќе биде повисока за 2,45% во првиот блок, за 2,87% во вториот блок, за 3,32% во третиот и за 3,84% во четвртиот блок, а евтината тарифа ќе се покачи за 2,5%, соопшти на прес конференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој рече дека регулаторите драстично ги намалиле процентите на зголемување на цената на струјата од она што го барала ЕВН хоум.






– Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН хоум го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45%. Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87%, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54%. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32% иако беше предложено да има зголемување од 9,63% и во четврт блок зголемувањето е 3,84 %, наместо предложените 11,86% – соопшти Бислимовски.

Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96 отсто, додека РКЕ одлучи да се коригира за 2,50%.

Тој посочи дека поскапувањето за 85 %о од домаќинствата ќе биде за 2,28%о или за 57-70 денари на просечната сметка.

– За 63,86 отсто од домаќинствата или 517.400 кои имаат потрошувачка само во прв блок и во евтина тарифа зголемувањето на месечната сметка е 2,28%. За 20,97% или 169. 900 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв и втор блок зголемувањето на месечната сметка е 2,59%. За 1,73 отсто или 14.000 домаќинства кои имаат потрошувачка во прв, втор и трет блок зголемувањето на месечната сметка е 2,79% и за 0,55% или 4.400 домаќинства зголемувањето на месечната сметка е 3,22% – појасни Бислимовски.

И покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96%, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

– Ако се укине надоместокот од 200 денари, цената за мрежарина која сега е 2,03 денари, ќе биде 2,6 денари, односно ќе се зголеми за 28%. Како резултат на тоа, ако се укине надоместокот од 200 денари, првиот блок ќе се зголеми за дополнителни 8,46%, вториот блок за 7,19%, третиот за 5,77%, четвртиот за 2,69 и евтината тарифа за 13,51%. Со оглед на овие податоци, РКЕ цврсто останува на ставот дека надоместокот од 200 денари нема потреба да биде укинат – објасни Бислимовски.

Поврзани содржини