ОД 1 ЈАНУАРИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА Прекршувањето на едно правило газдите може да ги чини повеќе од 20.000 евра

Новите правила ги опфаќаат најпопуларни атински населби меѓу странските туристи: Синтагма, Колонаки, Плака, Монастираки, Псири, Макриани, Акропол, Кукаки, ​​Илисија, областа околу хотелот Хилтон, Омонија, Платија Вати, Егзархија, Неаполи.

19,509

Новиот даночен закон во Грција од 1 јануари воведува нови правила и ограничувања за краткорочно изнајмување на станови и куќи преку онлајн платформи.

За првпат се воведува забрана за краткорочно изнајмување на станови и куќи за цели населби на Атина, а има и сосема нов начин на оданочување на бизнисите „во стилот на Ербнб“.






Новите правила ги опфаќаат и најпопуларни населби меѓу странските туристи: Синтагма, Колонаки, Плака, Монастираки, Псири, Макриани, Акропол, Кукаки, ​​Илисија, областа околу хотелот Хилтон, Омонија, Платија Вати, Егзархија, Неаполи.

Забраната за изнајмување нерегистрирани недвижности погодува и десетина соседни области на главниот град. Слични забрани за другите области на Грција ќе бидат воведени при следење на новата практика.

Сопствениците на недвижности во центарот на Атина кои следното лето сакаат да ги изнајмуваат на туристи ќе треба до 31 декември да го регистрираат во даночниот и регистарот на недвижности. Ако не го сторат тоа до овој датум го губат правото на изнајмување. Притоа се предвидени високи финансиски и даночни казни за тие кои ќе изнајмуваат нерегистрирани станови и куќи.

На оние кои нема да ги регистрираат недвижнините за изнајмување и незаконски ги изнајмуваат ќе им се изрече административна глоба во износ од 50% од приходот од краткотрајното издавање на тој имот, со минимален износ од 20.000 евра. Доколку прекршителот го повтори прекршокот во истата даночна година, казната може да го достигне износот на сите собрани кирии, со минимум 40.000 евра.

Еден сопственик на недвижнини не може да дава под закуп повеќе од два имоти на краток рок.

Не е дозволен ниту закуп на кој било недвижен имот повеќе од 90 дена во една календарска година и 60 дена во календарската година на островите со помалку од 10.000 жители. Надминување на овој лимит е дозволено само доколку вкупниот приход на закуподавачот или подзакуподавецот од сите имоти достапни за закуп или подзакуп не надминува 12.000 евра во текот на даночната година.

„Надоместокот за отпорност на климата“ за сопствениците на имот за изнајмување – како што сега се нарекува поранешната „такса за сместување“, што е еден вид данок на имоти за изнајмување „Стил на Airbnb“, ќе се зголеми неколку пати – од 1,50 на 8 евра дневно од април до октомври и од 0,50 евра до 2 евра дневно од ноември до март.

Слични зголемувања има и кај другите давачки.

Поврзани содржини