ОД 1.592 ПОЧИНАТИ, 1.310 НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ Смртноста е помала кај вакцинираните
Бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19 од 6 август заклучно со 28 октомври е 33.246, односно 73% од позитивните на ковид-19.
Во периодот од 6 август заклучно со 28 октомври од 45.621 граѓани позитивни на ковид-19, 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица.
Бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19 во тој период е 33.246, односно 73% од позитивните на ковид-19.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 75%, додека само 25% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство. Во периодот од 06.08 до 28.10.2021 на територија на државата починале 1.592 пациенти од ковид-19. 1.310 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 282 примиле вакцина.
Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која се нуди е безбедна, и апелира граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Во анализата за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза.