ОД 1.033 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД, 888 НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ Анализа на Министерството за здравство

Според статистика за изминативе недели, 25.570 или 78 отсто граѓани, од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80 отсто, додека само 20 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

441

Во период од 06.08 до 23.09.2021 на територија на државата 32.818 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид 19, од нив 22 отсто биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид 19, инмформира Министерството за здравство преку анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19, во период од 6 август заклучно со 23 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Според статистика за изминативе недели, 25.570 или 78 отсто граѓани, од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80 отсто, додека само 20 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.






Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 23.09.2021 на територија на државата починале 1.033 лица со ковид 19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14 отсто примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и на Џонсон.

Од министерството укажуваат на важноста на вакцинација и дека секоја вакцина која ја имаат на располагање е безбедна. од таму апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Поврзани содржини