ОЧИТЕ НА КОСТА К. БИЛЕ „ЦРВЕНИ“ Син ми прескокнувал мртви за да се спаси, сведочи таткото на едно од ранетите деца

Ништо не ми кажа во болница бидејќи околу него имаше полиција и форензичари. Кога излезе после три дена, ми рече: „Тато, имаше црвени очи, очи на ѓавол“. Тој (Коста К.) го погодил (син ми) со еден куршум, а другиот (куршум) поминал покрај него кон вратата додека тој трчал да излезе и да се спаси. Прескокнувал мртви и раскрвавени деца. Буквално ги повлекол двајцата другари кои трчале по него, сведочи таткото на рането момче од масакрот.

1,046

Пред Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето за масакрот на Коста Кецмановиќ, момчето кое лани застрела девет соученици и чувар во училиште во Врачар.

Денеска сведочеа родителите на повреденото момче Ј.Д., кое било застрелано во бутот. Солзи кај присутните по сведочењето на родителите на момчето, пренесуваат медиумите во соседството.






– Син ми, ми се јави во 8 часот и 45 минути да ми каже дека е ранет. Бев од другата страна на градот и трчав кон училиште – рекол таткото.

Таткото потоа сведочел за агонијата додека го барал синот од училиштето каде што биле присутни полицијата и итната помош. Тој раскажал што му кажало детето за Коста Кецмановиќ.

– Ништо не ми кажа во болница бидејќи околу него имаше полиција и форензичари. Кога излезе после три дена, ми рече: „Тато, имаше црвени очи, очи на ѓавол“. Тој (Коста К.) го погодил (син ми) со еден куршум, а другиот (куршум) поминал покрај него кон вратата додека тој трчал да излезе и да се спаси. Прескокнувал мртви и раскрвавени деца. Буквално ги повлекол тие двајца пријатели кои трчале по него – раскажал таткото на ранетото момче.

Тој рекол дека неговиот и животот на син му се промениле по масакрот во кој неговиот син беше застрелан во бутот.

Момчето ретко зборува за масакрот, а според сведочењето на неговите родители сè уште има изразени последици и дека постојано оди на психотерапија и зема лекови.

– Се грчи и скока на сè. На почетокот беше неподносливо и страшно. Секој ненадеен звук го прекинуваше, а во јавниот превоз се случува кога свети и се гаси светлото, тој се откачува и ме вика мене и мајка му за да праша што да прави. Го смируваме, но веќе не е тоа дете, детството му е уништено – изјави Небојша.

Мајката зборувала многу тивко и била ужасно депресивна и тешко ги потиснувала своите емоции, според написите на тамошните медиуми.

– Тој ден бев на училиште, работам во тоа училиште и ја познавам генерацијата на мојот син затоа што бев учителка и на нивната генерација – изјавила Будимка Димитријевиќ.

Таа раскажала како тој ден дознала за масакрот и дека нејзиното дете е рането.

– Дојде колега и ја отвори вратата од училницата и рече излези, излези, има пукање во училиштето. Брзо заминавме и по некое време син ми дојде до мене и ми рече: „Мамо, ме погодија“. Децата го опколија. Ја видов раната и цело време доаѓаа информации за загинати и повредени. Учениците плачеа. Го барав мојот постар син, а Јован постојано повторуваше дека е ранет. Му реков: „Добро е, жив си, но Михајло, кој беше осмо одделение во истото училиште, го нема“. За еден час се јави и тој. Не видов кога Јован го однесоа со брзата помош – раскажала мајката.

Судскиот спор за масакарот во Врачар, според написите, ќе трае до средината на декември, кога треба да биде завршено вештачењето на ранетото момче, како и на извршителот на страотниот масакр.

Поврзани содржини