ОЧЕКУВАН БУМ НА ЦРНИОТ ПАЗАР НА ВЕЈПОВИ?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Во регионот, најголеми предизвици со нелегалните вејпови има соседна Бугарија, откако тамошното Собрание летоска усвои законски измени со кои се забранува продажбата на вејповите за еднократна употреба. Сега таму расте шверцот на овие производи, но и нарачките преку интернет од странство. Еден од последните обелоденети случаи е на аеродромот во Софија. 

141

Предложениот Закон за заштита од пушење широко ја отвора вратата за црниот пазар. Сивата економија има можност да цвета со забраната за продажба на вејповите со вкусови и други никотински производи со ароми.

Додека трпи штети народната каса, најголема опасност се заканува по здравјето на потрошувачите кои под тезга би набавиле вејпови кои не подлежеле на никаква контрола на составот од страна на релевантни лаборатории.






Властите со предложениот закон иако целат кон подобрување на јавното здравје, во практика се откажуваат од контролата врз состојките во вејповите. Искуството покажува дека во земјите каде што биле забранети вејповите тие продолжиле нелегално да се прибавуваат и употребуваат, но на начин што никој не гарантира за квалитетот на производот и без да се почитуват безбедносните стандарди.

Постојат примери кои покажале дека при спроведени лабораториски испитувањ н нелегални вејпови биле пронајдени тешки метали што директно го загрозуваат здравјето на корисниците.

Царината неодамна веќе информираше за случај на пронајдени вејпови без бандерола, иако Законот се уште не е усвоен. Настанот се случил во дуќан во Струга, а производите биле во вредност од над 1,8 милиони денари.

„При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички. Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509 илјади денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.“, соопшти Царината.

Во регионот, најголеми предизвици со нелегалните вејпови има соседна Бугарија, откако тамошното Собрание летоска усвои законски измени со кои се забранува продажбата на вејповите за еднократна употреба. Сега таму расте шверцот на овие производи, но и нарачките преку интернет од странство. Еден од последните обелоденети случаи е на аеродромот во Софија.

„Службениците на царинскиот пункт спречија обид за нелегален увоз на електронски цигари. Инцидентот се случи на 12 јануари 2025 година, кога беше извршен темелен преглед на двајца патници. Прекршителите се кинески државјани кои пристигнаа во Бугарија со лет од Турција. За време на прегледот, во багажот на патниците се пронајдени вкупно 169 шверцувани електронски цигари од типот „vape“, како и уреди и течности кои немаат задолжителна акцизна марка.“, информира бугарската Царина.

Претходно, како што соопшти Царината во Бугарија, скоро три илјади нелегални вејпови за еднократна употреба од типот „vape“ биле откриени во пратка пронајдена во шпедициски терминал во Софија, а биле испорачани од Кина, со назнака дека се водоотпорни спрејови.

Софиската полиција неодамна во акција откри над 2.000 вејпови и голема количина никотински ќесички со вкус и тутун, без бандерола, во подземни гаражи во центарот на градот.

-Потеклото на оваа стока е главно од Русија. Станува збор за многу голема количина, која најверојатно ќе го оштети буџетот за, би рекла, над 1 милион лева, доколку оваа стока се пушти на пазарот – изјави заменик началничката  на полицијата Нина Петкова.

Проблемот со шверцот на вејпови е глобален. Сериозни предизвици има и полицијата во Австралија откако земјата ја забрани продажбата на вејпови, освен во аптеките каде со упат од матичен лекар овој производ можат да го купат оние кои сакаат да се откажат од цигари.

Комесарот на полицијата на Западна Австралија, Кол Бланч за телевизијата ABC, изјави дека сопствениците на маркети стравуваат како од полицијата, така и од криминалците кои рекетираат за да се врши продажба „на црно“.

Поврзани содржини