„ОЧЕКУВАМ ПОДДРШКА ОД СИТЕ ОПОЗИЦИСКИ СИЛИ“ Јакимовски очекува неизвесна битка со Лукровски во вториот круг во Карпош

Јакимовски им се заблагодари за фер кампањата на своите противкандидати, Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров од Левица и на Невена Ѓорѓиева од независната листа.

371

Кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на општина Капрош, Стевче Јакимовски, вечерва на прес-конференција соопшти дека влегува во втор круг и дека на 2 ноември ја очекува поддршката од сите опозициски сили.

– Влегуваме во втор круг. Од преброени над 40 отсто од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води со 266 гласа, што е речиси пата-пата. Јасно е изразена волјата на граѓаните. Гласовите на опозицијата се дупли во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили. Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство, да победат резултатите, проектите, знаењето и одговорноста – изјави Јакимовски.






Тој ја оцени изборната кампања како фер и демократска, и обвини за изборен поткуп во Злокуќани.

Јакимовски им се заблагодари за фер кампањата на своите противкандидати, Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров од Левица и на Невена Ѓорѓиева од независната листа.

Поврзани содржини