ОЧЕКУВАМ БРЗА И ТЕМЕЛНА ИСТРАГА Пендаровски со осуда за нападот во Охрид
„Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите“, напиша Пендаровски.
Претседателот на државата Стево Пендаровски на Фејсбук објави дека го осудува нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков.