ОЧЕКУВАМ 35.000 ТУРИСТИ НАДВОР ОД СЕЗОНА, TOA E ОГРОМНА ПРОМОЦИЈА Николоски го пречека првиот чартер лет со туристи од Германија

До крај на годината очекувам преку 35.000 туристи само од чартер летови од Германија, истакна министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. велејќи дека нема поубава промоција за една држава од добрата туристичка понуда.

199

 

Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надвор од главната туристичка сезона, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. Тој го пречека првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“  со 180 туристи од Германија на Меѓународниот аеродром Скопје.






– До крај на годината очекувам преку 35.000 туристи само од чартер летови од Германија –  истакна Николоски велејќи дека нема поубава промоција за една држава од добрата туристичка понуда.

Министерот потенцираше дека ова е прв пат да се привлечат туристи од Европа надвор од главната сезона, што е одлична можност за развој на туризмот и локалната економија во државата.

– Македoнија прв пат гледа голем број на туристи надвор од главната сезона. Со заеднични напор на Владата, на тур -операторите и на ТАВ Македонија успеваме да привлекуваме туристи кои доѓаат надвор од главната летна и зимска сезона. Во периодот меѓу февруари и мај и периодот меѓу октомври и декември само оваа година ќе дојдат 35 илјади турусти, очекуваме тој број да расте во годините што доаѓаат. Тоа значи 35 илјади туристи кои што ќе ги полнат хотелите, кои ќе ги посетуваат убавите ресторани и кафетерии, ќе купуваат убави сувенири, ќе придонесуваат за локалната економија, ќе го пробаат македонското вино и храна и ќе ги пренесат убавите спомени од Македонија. Најмалку по еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром и некаде 180 до 200 луѓе ќе доаѓаат за да ги посетат знаменитостите во Македонија – изјави Николоски.

Тој исто така најави дека веќе од следниот месец ќе започнат да оперираат и првите летови кои владата преку министерството за транспорт финансиски ги подржува.

– Започнуваат првите летови што се дел од новата владина програма за субвенционирање. Веќе имеме десет летови од скопскиот и охридскиот аеродорм и се надевам дека истите ќе растат. Можам да најавам дека Туркиш ерлајнс ќе започне веќе од 27 март, а исто така и Визер на линијата Базел –Охрид – истакна вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот додаде дека за најдоца за два месеци ќе се започне со реконструкција и на терминалната зграда на охридскиот аеродром.

Поврзани содржини