ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕГ НА ДУИ И СДС Режираат драма за да ја избегнат правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до владините партии да ја земат предвид изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, за која велат дека нуди целосна јасност за оваа ситуација.

664

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека протестот на ДУИ пред Уставниот суд е дел од заедничко сценарио со СДСМ, чија главна цел е, како што велат, прикривање на криминалите и политичките злоупотреби на двете партии.

„Драмата на ДУИ пред Уставен суд е режирана со поддршка од СДСМ. Ова е очајнички обид да се одвлече вниманието од корупциските скандали и предавствата за кои ќе треба да одговараат“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму сметаат дека протестите се организирани за да се избегне одговорноста и можноста за судски процеси

„ДУИ и СДС знаат дека ништо суштинско нема да се случи во среда, па преку протест сеат магла за да ги прикријат своите дела,“ додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до владините партии да ја земат предвид изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, за која велат дека нуди целосна јасност за оваа ситуација.

Поврзани содржини