Очајнички чекори на ЕК на секој начин да дојде до вакцини

Подготвени сме да разговараме со земјите-членки за сите можни начини навистина да го забрзаме одобрувањето на вакцините - рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференцијата.

621

Европската комисија денес објави дека го разгледува воведувањето на одобренија за итни случаи за вакцините против ковид-19 како побрза алтернатива на поригорозните условни одобренија за ставање во промет кои што досега ги користеле.

Овој потег ќе означи голема промена во пристапот кон одобрувањето на вакцините, бидејќи тоа вклучува употреба на постапка за која ЕУ смета дека е опасна, а која пред да започне пандемијата со ковид-19 беше резервирана само за исклучителни национални одобренија за лекови за пациенти со терминална болест, пациенти со рак, објави „Ројтерс“.






Потенцијалната промена се случува во време кога извршниот директор на ЕУ и Европската агенција за лекови се под зголемен притисок поради, според некои, бавните одобрувања на вакцините, што доведува до побавно вакцинирање на граѓаните во земјите-членки на ЕУ во споредба со САД и поранешната членка на ЕУ, Велика Британија.

– Подготвени сме да разговараме со земјите-членки за сите можни начини навистина да го забрзаме одобрувањето на вакцините – рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференцијата.

Една опција би можела да биде итно одобрување на вакцините на ниво на ЕУ со заедничка одговорност меѓу земјите членки, рече портпаролот, додавајќи дека работата на ова би можела да започне многу брзо доколку владите на ЕУ ја поддржат идејата.

Источноевропските земји Унгарија, Словачка и Чешка ги одобрија руските и кинеските вакцини преку итни национални процедури.

Велика Британија исто така искористи итна постапка за одобрување на вакцини против ковид-19.

Поврзани содржини