ОЧАЈНИ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТЕКИЛА Мексиканските производители го губат американскиот пазар

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 25% на целиот увоз од Мексико и Канада, бидејќи смета дека овие земји не прават доволно за да ги спречат имигрантите и лекот фентанил да влезат во САД. На 3 февруари Трамп одлучи да ги суспендира царините за овие земји на 30 дена, но заканата останува.

1,008

Мексиканските производители на текила се загрижени поради можното воведување тарифи за увоз од 25% од САД.

– Чекаме и се молиме да се обидат да размислат за сите последици и да не го сторат тоа – изјави сопственичката на компанијата „Azteca Wines and Spirits“ Мели Барајас.






Таа е загрижена дека повисоките цени на текилата ќе ги принудат американските потрошувачи да се свртат кон други пијалоци, а преориентацијата на нејзината компанија на други пазари како Германија, Шпанија и Русија ќе биде „бавен процес“.

Северноамериканските трговски здруженија, исто така, се противат на тарифите, бидејќи веруваат дека тие ќе ги загрозат работните места и ќе и наштетат на туристичката индустрија.

САД лани до крајот на септември  увезоа текила во вредност од 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од истиот период во 2023 година и повеќе од комбинираниот увоз на виски, џин, рум, ракија и вотка.

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе царини од 25% на целиот увоз од Мексико и Канада, бидејќи смета дека овие земји не прават доволно за да ги спречат имигрантите и лекот фентанил да влезат во САД.

На 3 февруари Трамп одлучи да ги суспендира царините за овие земји на 30 дена, но заканата останува.

 

Поврзани содржини