„ОЧАЈНИ ОБИДИ НА СДСМ КУМАНОВО ЗА СИТНИ ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ“ Активистите на СДСМ меѓусебно се степале во Средорек, тврдат од ЗНАМ

Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Поточно, слушнал силно викање, излегол и бил сведок на почната тепачка меѓу нив. Тој само застанал меѓу нив за да ги раздвои, по што се повлекол. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано, кажа носителката на листата на ЗНАМ, Ивана Ѓорѓиевска.

332

Движење ЗНАМ-За Наша Македонија, Куманово, на денешната прес-конференција, денеска ги отфрлија како невистинити и „политикантски“ обидите на СДСМ за случајот во кумановски Средорек. Од ЗНАМ Куманово велат дека вистината е поинаква.

– СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски. Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Поточно, слушнал силно викање, излегол и бил сведок на почната тепачка меѓу нив. Тој само застанал меѓу нив за да ги раздвои, по што се повлекол. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано – кажа носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска.






Како што посочи на прес-конференцијата, Ѓорѓиевска „ова се очајнички обиди на СДСМ со лаги и манипулации на низок, дрзок и целосно некоректен обид да добијат ситни поени пред кумановци и јавноста“, заради „агонијата од последните анкети“ на кои ги очекува пора и убедлива победа на ЗНАМ и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

– Ние немаме намера да се занимаваме со ваквите политикантски игри на некои истрошени политичари. ЗНАМ и Максим Димитриевски во изминатиот период покажаа и докажаа како се сака Куманово, како се води најголемата општина во државата и како со труд, професионалност, посветеност и отчетност се создаваат услови секојдневно да се менува на подобро. А, граѓаните тоа го препознаваат. Затоа на 19 октомври Максим Димитриевски и ЗНАМ ќе освојат голема победа, рече Ѓорѓиевска.

Поврзани содржини