ОБВИНУВАЊАТА ПРОТИВ МЕНЕ СЕ ИЗМИСЛИЦИ Славески побара од Ковачки веднаш да го избрише постот на Фејсбук

Ова е замајување на јавноста со лажни информации, најверојатно во обид за постигнување на некакви политички поени кај вашите гласачи и/или постигнување на некакви цели во вашите партиски кругови. За целиот период на вршење на функцијата – директор на ДБКИ, функцијата ја извршувам во согласност со закон, чесно и транспарентно, водејќи сметка за македонските државни интереси, напиша Славески на Фејсбук.

1,435

За Стојан Славески од ДБКИ, денешните обвинувања изречени од Драган Ковачки дека против него се води постапка за земање мито се невистинити, лажни и малициозни, изнесени единствено со цел нарушување на неговиот углед и чест.

„Ова е замајување на јавноста со лажни информации, најверојатно во обид за постигнување на некакви политички поени кај вашите гласачи и/или постигнување на некакви цели во вашите партиски кругови. За целиот период на вршење на функцијата – директор на ДБКИ, функцијата ја извршувам во согласност со закон, чесно и транспарентно, водејќи сметка за македонските државни интереси. Од овие причини, барам ВЕДНАШ да го избришете вашиот пост и јавно да ми се извините за изнесените клевети, во спротивно ќе бидам приморан да ги искористам сите правни средства за заштита на моите права и правни интереси пред надлежен суд“, напиша Славески.

Поврзани содржини