ОБВИНУВАЊАТА НЕМААТ НИКАКОВ ОСНОВ Од МКЦ се шокирани и згрозени по пресот на Арсовска
Најостро ги демнатираме изнесувањата на прес-конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст, велат од Програмскиот колегиум.
Програмскиот колегиум на ЈУ МКЦ е шокиран и целосно згрозен од изнесувањата на прес конференцијата на Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и нејзините обвинувања.
– Најостро ги демнатираме изнесувањата на прес-конференцијата кои содржат тешки инсинуации, неосновани обвинувања и податоци, како и непоткрепени информации целосно извадени од контекст. Истите тие се предмет на клевета согласно законските прописи и нивна цел е целосно нарушување на интегритетот на институцијата и вработените кои се предмет на овие обвинувања – реагираат од Програмскиот колегиум на МКЦ.
Од тука најавија дека нивниот одговор ќе биде изнесен утре на прес-конференција која е планирана да се одржи утре во 10 часот со цел да се слушне и нивната страна на овие обвинувања.