ОБВИНУВАЊАТА НА ПЕТРОВСКА СЕ СЕРИОЗНИ Бајдевски бара да се изјаснат генералниот секретар на СДСМ и комисијата задолжена за изборите

1,490

Кандидатот Александар Бајдевски бара итно да се изјаснат надлежните за базата на податоци за членството на СДСМ и за заштита на личните податоци на членството.

Обвинувањата на Славјанка Петровска, кандидатка за лидер на СДСМ, за тоа дека има нерегуларности во предизборната постапка и дека базата на податоци за членството е комприомитирана, се сериозни, смета кандидатот Александар Бајдевски.






– Надлежен за базата и за заштита на личните податоци на членството е генералниот секретар на СДСМ. Барам тој, како и комисијата надлежна за спроведување на изборите, итно да се изјаснат за обвинувањата на другарката Петровска – категоричен е Бајдевски.

Како што е познато, денеска Славјанка Петровска побара изборите закажани в недела на 30 јуни да не се одржат и да се формира привремено раководство на СДСМ.

ПЕТРОВСКА БАРА ДА СЕ ОТКАЖАТ ИЗБОРИТЕ ВО СДСМ Еден кандидат праќал илјадници пораки, членови биле регистрирани без да знаат

Поврзани содржини