Јавното обвинителство го истражува случајот со масовната тепачка во центарот на Струмица. Засега се прибираат докази за настанот, а кога ќе се комплетира случајот ќе се информира јавноста, велат од основното јавно обвинителство Струмица за Телма.
Расправијата според очевидци почнала уште во казиното „Принцес“, каде вработена девојка била вербално нападната и и се заканувале со ножеви и секири. Според нејзината објава на фејсбук, станувало збор за неколкумина жители на село Баница кои биле во казиното.
Од казиното „Принцес“ денеска не сакаа да го коментираат случајот, а девојката не била на работното место.