ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ЛАТАС КАЈ ЛАЗАРОВ Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за потребните проверки

Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, информираат од МВР за Плусинфо.

1,223

Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до скопското Јавно обвинителство по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со новинарот Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, во кое Павловиќ-Латас раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари имале односи со девојка која претходно била „шамарана“.

„Денеска од страна на МВР беше поднесено Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју на С.Л. со Д.П.Л., како поткаст на Јутјуб канал. Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување“, соопштуваат од МВР.






Од Јавното обвинителство за неколку медиуми потврдија дека до нив е поднесено известување од страна на Министерството за внатрешни работи и дека јавен обвинител ќе даде понатамошни насоки.

– До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки – велат од Обвинителството.

Интервјуто кое Лазаров го правеше со неговиот гостин Латас предизвика лавина коментари и осуди на социјалните мрежи и во јавноста.

Поврзани содржини