Обвинителството отвори предмет по допрен глас за организирана забава во Прилеп

422

Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против прилепски угостителски објект кој во вечерните часови на 18 јули годинава организирал забава на која биле присутни поголем број посетители, спротивно на законските прописи и мерки за заштита во услови на прогласена пандемија од ковид-19.

– Постапувајќи по оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази – информираат од ОЈО.

Од ОЈО информираат дека правното лице и одговорно лице физичко лице во правниот субјект се сомничат дека сториле кривично дело – непостапување според здравствените прописи од член 206 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини