Обвинителството отвора истрага за случајот со полицаецот кој позитивен на коронавирус беше на погреб на колега

491

Велешкото јавно обвинителство ќе го истражува случајот со полицаецот од СВР Велес, кој го прекршил решението за изолација и со позитивен тест на коронавирус пред два дена присуствуваше на погребот на свој колега.






Од обвинителството за Батали.нет велат дека веќе се преземаат дејства, за да се утврдат фактите.

„Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас врз основа на написите од медиумите кои се однесуваат на прекршување на Решение за изолација од страна на полициски службеник заради присуство на погреб. Веќе се преземаат соодветни дејствија за утврдување на фактите“, велат од Основното јавно обвинителство Велес.

Поврзани содржини