ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА СЕ ПОЗАНИМАВА СО ЗАПЛАШУВАЊАТА СО МИГРАНТИ ШТО ГИ СЕЕ СДСМ Кој создава паника и страв кај граѓаните, мора кривично да одговара

Ако еднаш, двапати, трипати демантиратме и вие континуирано продолжите со оваа тема, имате намера и тенденција да создадете несигурност паника и страв кај граѓаните и мора кривично да одговарате за тоа, вели Мицкоски.

187

Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно Обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. Таа е вистината, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Ние, додава тој, континуирано одговараме, јас како најповикан – претседател на Влада, МВР, МНРиНТ и уште пред неколку дена кажавме дека не се водени такви разговори.






– Во ред, сега СДСМ одлучиле нивните ПР експерти и рекле сега оваа тема ќе ја тераме со недели, а во суштина тие се тие кои изработиле национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 и тие се тие кои барале од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски капови. Таа е вистината. Ние сега сакаме да ја натсинхронизираме таа вистина и да кажеме дека такво нешто на оваа Влада не ѝ паѓа на памет – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Тој истакна дека наскоро ќе дојде феверуари, па март, и ќе нема мигранти, потоа ќе дојде јуни и тогаш ќе нема мигранти и праша каков ќе биде одговорот на тоа од тие ПР експерти кои ги учат во СДСМ.

– Затоа велам мора тука и Обвинителството да се позанимава со оваа тема затоа што во Кривичниот законик ова е еден вид насилство, создавање паника, немир кај граѓаните. Затоа што ако еднаш, двапати, трипати демантиратме и вие континуирано продолжите со оваа тема, имате намера и тенденција да создадете несигурност паника и страв кај граѓаните и мора кривично да одговарате за тоа. Еве ќе дојде март нема да има мигранти прифатени како резултат на договор со Велика Британија или било каков друг договор. Ќе дојде и јуни ќе нема мигранти, ќе нема мигрантски кампови и тогаш под 100.000 гласови ќе бидат од СДСМ и ќе станат маргинална партија. Ако тоа им е целта нека продолжат – рече Мицкоски.

За тоа какви се односите со ЗНАМ премиерот истакна оти се одлични.

– Во рамки на Владата функционираме би рекол стабилно и очекувам така да продолжиме и во иднина – рече Мицкоски.

Поврзани содржини