ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ЗОШТО БИТИЌИ ЧУВАЛ КЛАСИФИЦИРАНИ ДОКУМЕНТИ ДОМА Дали ја загрозил безбедноста, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

666

Венко Филипче е континуитет во начинот на практикување на политиката на Зоран Заев, а поранешниот вицепремиерот Фатмир Битиќи олицетворение на таа пракса, обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали во СДСМ е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби? Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Битиќи да одговори на јавноста за какви класифицирани документи станува збор, како се нашле во неговиот домашен сеф, поради кои причини ги поседува и за што би му послужиле истите?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Дали поседува сертификат, бидејќи класифицирани документи добиени од кој и да е орган не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат, се додава во соопштението.

„Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот? Со оглед на тоа дека државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени, ги повикуваме СДСМ и Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на информации станува збор. Битиќи не смеел такви документи да поседува во својот домашен сеф. Колку закони прекршил Битиќи? Го повикуваме ЈО да поведе постапка и да го истражи случајот со украдените документи. Одговорност мора да има“, соопштени ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини