ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСПИТА КАКО ФИЛИПЧЕ КОМУНИЦИРА СО ГРУБИ КОЈ Е БЕГАЛЕЦ ОД ПРАВДА Николоски тврди дека тоа е кривично дело

Мислам  дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството, затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело, вели Николоски.

335

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска на митинг за локалните избори  во општина Ново Село  побара обвинителството  да истражи како лидерот на СДСМ Венко Филипче, може да биде во комуникација со бегалец од правдата (Артан Груби) и се фали со тоа.

-Истиот тој случајно, или не се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото, еве од обвинителството, нека истражат како е тој човек во комуникација со бегалец од правдата. Мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството, затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело – рече Николоски.






Николоски ја прокоментира и изјавата на лидерот на СДСМ Филипче во која тој зборува за договор што го направила Железница.

-Венко Филипче вчера, нашол еден договор во Железница на цели 45.000 евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што е 45.000 евра, колку што Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин – рече Николоски.

Тој се осврна и на периодот кога Венко Филипче беше министер за здравство кога СДСМ.

– Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува – рече Николоски.

Според него, СДСМ ја опустоши целата држава, а со цел да се заштитат самите правеа национални предавства.

– Се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства. И затоа ни е потребна голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда – заклучи Николоски.

Поврзани содржини