ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА КРЕШНИК БЕКТЕШИ ДА ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Привршува распитот на очевидците на пожарот во Кочани

Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор, соопшти Јавното обвинителство.

254

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот, соопшти Јавното обвинителство.

Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика, се додава во соопштението. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди.






„Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлозите на обвинителството ќе одлучува Судот“, соопшти Јавното обвинителство.

Поврзани содржини