Обвинителството бара 5.000 евра казна за сопственикот на „Интермецо“

340

Скопското обвинителство поднело  до Основниот кривичен суд Скопје предлог  парично да се казни сопственикот на угостителскиот објект „Интермецо’ бидејќи  ја симнал пломбата и продолжил да работи.

– Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, симнал службен знак поставен од страна на овластено службено лице – инспектор за животна средина од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено решение за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена, откако со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности. Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста – велат од обвинителството.






Обвинителот му предложил на Судот за обвинетото лице да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 50 евра во денарска противвредност.​​

Поврзани содржини