ОБВИНИТЕЛСТВО СО МЕСЕЦИ ПРОВЕРУВА КОЈ ФИЗИЧКИ ГО СЛЕДЕЛ МИЦКОСКИ Сега ќе проверува кој го прислушкувал

Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, информираат од ОЈО ГОКК.

450

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, појаснија денеска од ОЈО за гонење оргганизиран криминал и корупција, по информациите дека премиерот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени биле следени и прислушкувани од група вработени во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

„Обвинителството единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките. Согласно Законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон“, појаснија од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.






Од ЈО ГОКК информираа и дека уште ги испитуваат наводите за претходното следење на премиерот Христијан Мицкоски, како и дека ќе ги испитаат последните известувања од АНБ.

„Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на Јавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно, и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, информираат од ОЈО ГОКК.

Обвинителството лани во декември отвори предмет по допрен глас врз основа на изјавата на Мицкоски, кој на седница за пратенички прашања во Собранието рече дека бил физички следен од безбедносни служби во текот на 2020 година, под сомнеж дека е организатор на параполициска воена вооружана формација.

КОЈ И СО КАКВА ЦЕЛ ГО СЛЕДЕЛ МИЦКОСКИ ДОДЕКА БЕШЕ ЛИДЕР НА ОПОЗИЦИЈАТА? Обвинителството оформило предмет по допрениот глас од премиерот

Поврзани содржини