Обвинителство не успеа да го побие извештајот на израелските експерти – вештакот не може да каже кој сė прислушувал во 2014 година

Вештаците на обвинителот и на одбраната согласни во најбитното - има сомнеж дека освен МВР, прислушувале и други.

2,398

Извештајот на израелските експерти од „Реизон”, кој три години беше криен од Јавното обвинителство, не може да се негира, ниту отфрли. Постои можност во време на подготвување на извештајот да биле поставени лажни базни станици, таканаречени клонови, кои пресретнувале електронски комуникации, а не биле дел од тогашниот систем на УБК.

Вкрстеното испрашување на вештакот ангажиран од Јавното обвинителство, кој требаше да го побие извештајот на израелските експерти, покажа дека не може со сигурност да се тврди кој прислушувал во 2014 година, тврди одбраната, после денешното судско рочиште.






Вештакот на Обвинителството: Не знаеме дали имало или немало клонови во 2014 година

– Не сум пребарувал по интернет, но на пазарот има опрема за пресретнување на комуникации која што може да се набави преку Амазон. Не може да кажеме со сигурност дали имало или немало поставена таква опрема во 2014 година. Треба дополнителна анализа за тоа – вели во исказот вештакот Кире Јаќимовски.

Тој самиот потенцира дека увидот кој што го правел во опремата на УБК е од 01.11.2017 година, а извештајот на израелските експерти од “Реизон” датира од 2014 година, па не може да знае дали тогаш била ажурирана опремата на МВР за да се тврди со сигурност дека Израелците детектирале легитимна базна станица како лажна.

– Не можеме да знаеме дали имало или немало клонови во 2014 година – вели Јаќимовски.

Иако Јавното обвинителство целиот случај го базира на неговото мислење, Јаќимовски не сака да негира или потврди дали експертите од Израел детектирале лажни базни станици. Единствено што посочува е дека нивниот извештај не можел целосно да го убеди, бидејќи не бил доволно детален и јасен, односно не ги прикажал недвосмислено сите параметри.

Втор вештак со исто тврдење – има сомнеж дека надвор од УБК да била пресретнувана комуникација

Вештото лице Мирослав Котевски, на предлог на одбраната, образложувајќи го вештиот наод и мислење, денеска посочи дека е многу чудно тоа што во базата на МВР има помалку броеви маркирани, од бројот на маркирани во ОНЕ-ВИП. Според вештото лице, станува збор за 365 логови, кои веројатно биле маркирани од некоја друга страна. Чудно, според вештакот, е и што дел од броевите се регистрирани како маркирани со датум постар од тој во МВР. Кај дел од броевите има различни логови. Првин маркирани во ВИП, па потоа во МВР. Дури и кога престанало маркирањето во МВР, останале маркирани во ВИП. Кај 140 броја има ист датум на маркирање и во МВР и во ВИП, но датуми на демаркирање се различни, одбосно во ВИП останале маркирани.

Како пример, вештакот го наведе бројот 38970263*** маркиран на 13.05.2015 година, како податок во МВР забележан еден ден порано, но за демаркирање во МВР се води на 17.11.2015, а во ОНЕ-ВИП останал маркиран до крај на годината.

Вештакот посочи дека станува збор главно за 2015 година, иако целиот анализиран период е од 2008 до 2015 година и биле опфатено 2.494 телефонски броеви кои биле пресретнувани, а според ОНЕ-ВИП биле следени над 6.000 телефони. Значи, со наредба биле маркирани 1.928, а преку 4.000 не биле маркирани.

Можно е да постои трето лице и тактичка опрема со која е вршено маркирање и демаркирање

По деактивирањето на старата опрема на МВР во март 2015 година, до крајот на декември се добиваат релевантни податоци од двата система, а 509 телефонски броеви се исти кај оператор и во МВР, посочи вештото лице.

“За 27 броја од овие се покажува дека се маркирани пред 01.04 а 156 се демаркирани, но остануваат кај операторот како маркирани до крај на 2015 година. Ме изненади податок дека одредени броеви кои се маркирани по 01.04 а ги нема во систем на МВР. Станува збор за 38978870*** за кој има податок од ОНЕ дека е маркиран и демаркиран во мај, а го нема како активност на служби на МВР”, изјави експертот.

Според него не може да се тврди дали некој друг давал наредба за маркирање и демаркирање, но со сигурност може да се тврди дека во УБК немало такви активности за посочените броеви. Вештакот смета дека за тоа треба дополнителна истрага и анализа.

“Можно е да постои трето лице и тактичка опрема преку која е направено маркирањето и демаркирањето” тврди вештакот Котевски.

Поврзани содржини