Обвинителство: Камчев е еден од шестмината осомничени за перење пари
Адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски претходно изјави дека во полициската станица во Карпош им било речено дека спроведувањето е поради сомнение за изборни измами, а потоа дека се бара притвор врз основа на една белешка од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за наводна дојава од обвинителката Лиле Стефанова.
Јордан Камчев е едно од шестте осомничени лица за кои во октомври минатата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка поради основано сомнение дека сториле кривично дело – перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик, информира Јавно обвинителство попладнево, откако во јавноста остана нејасно врз која основа е побаран притвор за бизнисменот.
Адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски претходно изјави дека во полициската станица во Карпош им било речено дека спроведувањето е поради сомнение за изборни измами, а потоа дека се бара притвор врз основа на една белешка од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за наводна дојава од обвинителката Лиле Стефанова. Менкиноски рече дека ниту ја има содржината, ниту му биле дадени насоки за аргументите за приведувањето, како и за тоа дека Овинителството за организиран криминал треба да ги докаже тие дојави. Адвокатот вели дека воопшто не биле презентирани документите на АНБ.
ОЈО, пак, информира, дека „денеска во утринските часови, врз основа на сознанијата на Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, Министерството за внатрешни работи го лиши од слобода.“
– Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности до Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена – информира Обвинителството.