ОБВИНИТЕЛСТВОТО „ГИ ЧИСТИ“ ДИВИТЕ ПАРКИНЗИ ВО ЧАИР Второ обвинение за узурпација на државно земјиште

Oд 24.8.2023 година обвинетиот го користел земјиштето зад Поликлиниката Бит-пазар како импровизиран паркинг-простор, каде поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал еден вработен да врши наплата , соопшти Јавното обвинителство.

472

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривичното дело узурпација на недвижности, од член 225 од Кривичниот законик, соопшти ЈО.

„Станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до Цветниот пазар кај Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Согласно Деталниот урбанистички план „Саат кула“ во Општина Чаир земјиштето е наменето за изградба на катна гаража и е предвидено за продажба со јавно наддавање. Меѓутоа, од 24.8.2023 година обвинетиот го користел земјиштето како импровизиран паркинг-простор. Тој поставил рампа и пункт за наплата на паркинг, ангажирал еден вработен да врши наплата за користење на паркинг-место и на корисниците во име и за сметка на правното лице им издавал сметки, ограничувајќи и контролирајќи го влезот и излезот до земјиштето“, соопшти Јавното обвинителство.






Јавниот обвинител предложи за обвинетиот да биде определена и мерка на претпазливост – забрана да презема работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана да го користи земјиштето.

„Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријавите за дивите паркинзи во Општина Чаир и во текот на вчерашниот ден поднесе обвинение против друго физичко и правно лице кои исто така подолг период узурпирале земјиште за таа намена во близина на Поликлиниката Битпазар“, информираше ЈО.

Поврзани содржини