Обвинителката се чуди на пресудата: Катица Јанева доби 7 години затвор за полесно дело од „организаторите“!

Според обвинителството, судот досудил казни помали од пропишаните, а според судот, казните се фер.

1,258

И Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе се жали на пресудата за 27 април, што денеска ја изрече судечкиот совет на Кривичниот суд во Скопје. Обвинителството дури смета дека судот постапил спротивно на законот и изрекол пониски казни за стореното кривично дело

– Зачудена сум, спротивно на законот судот изрече многу пониски затворски казни од пропишаните. За вакво дело, треба минимум 10 години затвор – рече обвинителката Гордана Смаќоска.






Таа денеска на изрекувањето на пресудата за 27 ја менуваше обвинителката Вилма Русковска која го застапува обинителниот акт. Обвинителката Смаќоска направи споредба со висината на казната на осудената поранешна специјална обввинителка Катица Јанева за рекет:

– Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за полесно кривично дело, за кое е пропишана казна до 10 години затвор, доби казна од 7 години – рече Смаќоска.

Таа најави жалба на пресудата и покрај образложението на судијата Илија Трпков дека изречените казни се далеку под максималните за кривичното дело за кое се осудени четворицата поранешни функционери, не само поради Законот за амнестија, туку и поради нивното добро однесување, тоа што не биле сторители на кривични дела досега, а и поради семејниот статус.

Поврзани содржини