Обвинителите Фетаи, Пановски, Рајчев, Рустеми и Бундалевска влегуваат во Вишото обвинителство
За повисокото јавно обвинителство аплицираат кандидати кои што се стручни и квалитетни и се докажале во досегашното работење. Ние имавме увид во нивната работа преку месечни и годишни извештаи и го цениме нивното искуство, рече Колевски.
Обвинителите Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми, Снежана Бундалевска Георгиевска се обвинителите во Вишото јавно обвинителство во Скопје кои денеска беа избрани од Советот на јавните обвинители.
Претседателот на Советот Ацо Колевски им честита на колегите и им посака успешна работа.
Тој рече дека квалитетот и стручноста биле во преден план при нивниот избор.
– Сите кандидати се со високи оценки, податок кој радува. Тоа значи дека за повисокото јавно обвинителство аплицираат кандидати кои што се стручни и квалитетни и се докажале во досегашното работење. Ние имавме увид во нивната работа преку месечни и годишни извештаи и го цениме нивното искуство – рече Колевски.
Фетаи доби поддршка од девет членови на Советот, Рустеми од 10, а Рајчев и Бундалевска Георгиевска добија гласови од сите членови.
Меѓу кандидатите кои не ја добија поддршката од Советот на обвинителите беше и Ленче Ристовска која доби само четири гласа.
Претходно, за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје беа избрани Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.