ОБВИНЕНИЕ ЗА ПРАТЕНИКОТ ЈАНЧЕВ ЗА СООБРАЌАЈКАТА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ Свртел без да се увери дека е безбедно?

Возачот на автомобилот не се уверил дека може безбедно да го изврши движењето, со што предизвикал судир со мотор кој не ги исполнувал условите за учество во сообраќајот, соопшти Јавното обвинителство.

2,025

Поднесено е обвенине за пратеникот Сашко Јанчев за сообраќајната несреќа што се случила по полноќ на 14 септември во селото Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, обзнани Јавното обвинителство.

Според наодите на Обвинителството и извршените вештачења, Јанчев управувал автомобил „Хјундаи тусон“ и при свртување не се уверил дека тоа може да го направи безбедно, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.






„Возачот на автомобилот не се уверил дека може безбедно да го изврши движењето, со што предизвикал судир со мотор кој не ги исполнувал условите за учество во сообраќајот“.

Во истиот момент, според Обвинителството, во автомобилот удрил мотоцикл „Јијинг“ без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски. Возачот на мотоциклот немал дозвола, а ниту тој ниту неговата 13-годишна сопатничка не носеле кациги.

Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот починал, додека неговата 13-годишна сопатничка била потешко повредена.

Обвинителството го товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 од Кривичниот законик.

 

Поврзани содржини