ОБВИНЕНИЕ ЗА МЕРКО ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ ПРИ ОСВЕТЛЕНИЕТО НА ЦРН ДРИМ Поставил арматури и светло со кои ѝ наштетил на реката

Обвинителството обезбеди вештачење согласно кое инсталацијата од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и на хидро-биолошкиот систем во реката, соопшти Јавното обвинителство.

397

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко доби обвинение дека поставил осветлените во водите на Црн Дрим со кое ѝ наштетл на реката.

Основното јавно обвинителство Струга информира дека денеска поднесе Обвинителен предлог против Мерко за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 од Кривичниот законик.






„Осомничениот, во временскиот период од 1.4.2021 до 27.6.2022 година, како службено лице – градоначалник на Општина Струга, ги пречекорил границите на своите службени овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа овозможил на избраната фирма-изведувач да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото. Обвинителството во текот на постапката презеде повеќе дејствија и обезбеди вештачење согласно кое таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и на хидро-биолошкиот систем во реката. За изведба на проектот на правно лице од струшкото село Мислодежда му биле исплатени 6.763.722 денари и за тој износ е оштетен буџетот на Општина Струга“, соопшти Јавното обвинителство.

Поврзани содржини