ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ ЗА ПАЛЕЊЕТО КАФУЛЕ ВО КИСЕЛА ВОДА Со секира го скршиле стаклото и со бензин го запалиле објектот

Меѓу тројцата обвинети е и Гоце Трајковски, кој беше сведок во предметот за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

1,455

Основното јавно обвинителство поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека на 13 ноември минатата година опожариле кафуле во станбена зграда на улицата Христо Татарчев во Кисела Вода.

Меѓу тројцата обвинети е и Гоце Трајковски, кој беше сведок во предметот за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.






„Со автомобил ‘Фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот. Додека тој обвинет останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган. Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот. Притоа на запалениот објект предизвикале и имотна штета од поголема вредност проценета на 362.161 денари“, информираше Јавното обвинителство.

Поврзани содржини