ОБСЕ во Скопје објави вонреден повик за предлог-проекти на граѓански организација и фондации

Оваа иницијатива ОБСЕ ја почнува со поддршка од Министерството за надворешни работи.

702

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска објави вонреден повик за предлог проекти на граѓански организации, асоцијации и фондации. Целта на овој повик е да ги адресира потребите на најранливите и запоставените заедници во земјата, во областите од мандатот на Мисијата за време на кризата со ковид-19.

Овој повик, како што се наведува во соопштението од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, е исто така наменет да поддржи организации кои се соочуваат со оперативни потешкотии како последица од епидемијата, вклучително и организации кои што работат со деца и млади, со ризични категории на граѓани и постари лица, лица со попреченост како и со долгорочни физички и психички здраствени проблеми; организации кои што работат со помали заедници, вклучително Рома и Синти; жртви на семејно насилство, родово базирано насилство, трговија со луѓе, бегалци и мигранти,






Поддршката се однесува и на активности во полето на заштита на човековите права и застапување. Повеќе информации за овој повик се достапни на следниов линк: https://www.osce.org/response-fund-skopje.

– Тековната Ковид-19 пандемија и економската криза создадена како последица на пандемијата претставуваат невидена закана за безбедноста и општествената стабилност. Нашиот нов фонд, формиран за справување со последиците од ковид-19, претставува можност за граѓанските организации, асоцијации и фондации да добијат финансиска поддршка во износ до 15.000 евра, која што ќе им овозможи да продолжат со своите значајни активности и за време на пандемијата – изјави Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Оваа иницијатива ОБСЕ ја почнува со поддршка од Министерството за надворешни работи.

– Се надеваме дека голем број иновативни проекти ќе бидат поднесени како резултат на оваа иницијатива кои ќе придонесат кон зачувување на фундаменталните права, пристап до основните услуги и исполнување на заложбите на ОБСЕ од страна на државата за време на престојните три месеци – додаде Која.

Поздравувајќи ја иницијативата на Мисијата на ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Никола Димитров даде силна поддршка за овој фонд на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кој е создаден како одговор на ковид-19. Димитров изразил уверување дека фондот ќе им помогне на локалните невладини организации да продолжат да ги поддржуваат најзасегнатите и најранливите, како и да ги јакнат демократските вредности во нашето општество.

„Јас како поранешен граѓански активист и член на тинк-тенк, знам колку голем беше придонесот на невладиниот сектор во демократскиот пресврт што го направивме изминативе години. Во време кога има голема потреба од работата на невладините организации, а се соочуваат со сериозни финансиски предизвици со оглед на кризата, мислам дека ова е вистинско решение што треба да се поздрави, рекол Димитров“, соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Поврзани содржини