ОБСЕ Е ВО ФАЗА НА САМОУНИШТУВАЊЕ Украинскиот шеф на дипломатијата вели дека тоа е поради Русија

Одберете, или ќе има ОБСЕ без Русија, или нема да има ОБСЕ, ќе пропадне, подвлече Кулеба.

206

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е во фаза на самоуништување и ќе пропадне, доколку Русија продолжи да биде дел од неа, смета министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

– На нашиот континент има уште една голема и убава организација – ОБСЕ, што се наоѓа во фаза на самоуништување. Затоа што Русија е таму и уништува сè. Ако организацијата наоѓа логика во тоа, порано или подоцна ќе пропадне – изјави Кулеба во интервју за весникот „Лев брег“.






Тој потсетува дека Киев веќе предложил Русија да биде исклучена од ОБСЕ, но „некои потчукнаа со прст по челото“.

– Одберете, или ќе има ОБСЕ без Русија, или нема да има ОБСЕ, ќе пропадне – подвлече украинскиот министер.

Поврзани содржини