ОБРАЗОВНИ УСТАНОВИ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15 други има неправилности

Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани (некои образовни установи), а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ, предупредува министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

1,654

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај околу 15 се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука, формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

– Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде што констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за 3 месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем – рече Јаневска, додавајќи дека само 2 института целосно ги исполнувале условите за работа.






Министерката информираше дека некои образовни установи не сакале да соработуваат при надзорите, а дел од нив, дури и упатувале закани кон вработените во Министерството.

– Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ – додаде министерката.

Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и на Државниот просветен инспекторат и на Бирото за развој на образованието.

Поврзани содржини