ОБРАЗОВАНИЕТО НИ Е ВО КАТАСТРОФАЛНА СИТУАЦИЈА Опозиција алармира за состојбата на универзитетите

Некои студенти ќе завршат 3 години, што значи ќе се стекнат со диплома без ниту еден ден настава во живо, без развој на односот помеѓу професор, асистент или колега. Исто така, постојат исклучоци односно нема унифицираност на наставата затоа што неколку средни училишта продолжиле со онлајн настава, иако сите други работат со физичко присуство, вели Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

174

Следејќи ги катастрофалните состојби на сите нивоа во државата така и во образованието се случуваат нови порази. Насекаде се предлагаат мерки за олабавување на рестрикциите поради корона кризата, но студентите се уште посетуваат онлајн настава, имаат онлајн вежби и полагаат онлајн испити, вели Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

– Некои студенти ќе завршат 3 години, што значи ќе се стекнат со диплома без ниту еден ден настава во живо, без развој на односот помеѓу професор, асистент или колега. Исто така, постојат исклучоци односно нема унифицираност на наставата затоа што неколку средни училишта продолжиле со онлајн настава, иако сите други работат со физичко присуство – вели Митева.






Таа додава дека министерот за образование е должен да одговори која е причината зошто има вакви исклучоци?

– Дополнително, министерството треба да одговори дали го следи незаконското постапување на Државниот испитен центар и зошто молчи кога веќе неколку месеци не се организираат испитите за назначување на рсководни кадри во образованието? Дали повторно со ваквиот однос се докажува дека за оваа власт политиката е длабоко вкоренета во образованието? За крај, потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа влада видовме и на Шангајската листа каде УКИМ се најде на 1944 место, што е пад за 27 места споредено со минатата година. УКИМ е на листата позади Белград, кој е во првите 500 универзитети, позади Загреб, Љубљана и бројни други факултети од регионот. Што се случува, има ли УКИМ воопшто ректор и ќе понесе ли некој одговорност – прашува Митева.

Поврзани содржини