(ОБНОВЕНО) СЕ ЕВАКУИРААТ 4 СРЕДНИ УЧИЛИШТА Нови дојави за бомби во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.

355

Нови дојави за поставени бомби денеска има во четири училишта во Скопје. Едно од училиштата е гимназијата „Јосип Броз Тито“, а другото е „Владо Тасевски“.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки.






„Денеска во СВР Скопје околу 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на две училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Од полицијата информираа дека околу 10 часот е добиена иста пријава од уште две средни училишта. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта.

Поврзани содржини