ОБНОВЕНО Осомничен ѝ кидна на полицијата пред Кривичен суд

Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување, истакнале од Министерството за правда за Курир.

621

Избега лице кое со затворска полиција било спроведено до Кривичниот суд за да присуствува на судско рочиште, потврдиле за порталот Курир од Министерството за правда.

– Се работи за лице кое е осомничено за криумчарење мигранти и кое од притвор било спроведено до судот. Затворската полиција и екипи од МВР во моментов трагаат по лицето, имаат сознанија за неговата локација. Наскоро се очекува негово приведување – истакнале од Министерството за правда за Курир.






Обновено

Основниот Кривичен суд Скопје информира јавноста дека настанот се случил надвор од Судот, а не во неговите просториите, за што е задолжена затворската полиција.

„Имено, се работи за обвинет кој бил спороведен во Судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и
протоколи за заштита од ширење на вирусот ковид-19“, појаснуваат од Кривичен суд

 

 

Поврзани содржини